Обвинителството поднесе обвиненија против шест лица за злосторничко здружување и фалсификување пари

Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција поднесе обвиненија против шест лица за злосторничко здружување и фалсификување, откако тие нелегално изработувале фалсификувани банкноти во апоени од 20, 50, 100 и 200 евра на територијата на Македонија и Србија од крајот на 2023 година до февруари 2025 година, кои потоа групата ги дистрибуирала до заинтересирани купувачи по цени од 25 до 30% од номиналната вредност на вистинските банкноти.

Според обвинителството, еден од обвинетите градел машини и делови за машини за производство на банкноти.

Од јуни 2024 до јануари 2025 година, групата продала 114 илјади фалсификувани евра за 42 илјади евра.