Јавното обвинителство нема можност за незаконско следење на комуникациите, соопшти Јавното обвинителство по информациите за незаконски прислушувања во текот на 2019-2024 година.
Тие додаваат дека Обвинителството само ги проследува законски заснованите барања од АНБ за превентивни разузнавачки мерки до Врховниот суд, кој потоа издава соодветна наредба за спроведување на мерките.
„Според Законот за следење на комуникациите, наредба за посебни истражни мерки може да се издаде само за кривични дела строго дефинирани во самиот закон“, велат од Обвинителството.
Во врска со претходните наводи за следење на премиерот, по налог на јавниот обвинител Љупчо Коцевски, Обвинителството за кривично гонење на организиран криминал и корупција оформи предмет за кој се преземаат дејствија за верификација.
Во исто време, Обвинителството вели дека детално ќе бидат испитани и наводите во најновите извештаи од АНБ.