Обид за убиство во Гостивар, полицијата со детали

Основното јавно обвинителство Гостивар донесе Наредба за развој на истражна постапка против осомничен за кривично дело – Убиство по чл.123 ст.1 по чл.19 (обид), како и за неовластено изработување, држење, посредување и трговија со оружје или распрскувачки материи, согласно член 396 став 3 од Кривичниот законик.

На 22 ноември пријавениот со пиштол кој го поседувал без дозвола се обидел да му го одземе животот на лице кое дошло во неговата продавница за автоделови да му го поправи возилото.

При поправка на возилото меѓу нив настанала вербална расправија, по што оштетената го турнала осомничениот кон возилото за да го натера да го поправи. Но, пријавениот револтиран влегол во куќата, земал пиштол „Црвена застава“ со калибар 7,65 мм, кој го поседувал без дозвола и пукал еднаш во оштетениот. Не го погодил, додека куршумот завршил во вратата од возилото.

Бидејќи постојат законски основи, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд Гостивар поднесе предлог за определување мерка притвор за осомничениот.