– Најмалку две лица загинаа во поплави во северниот и западниот на Иран предизвикани од обилни дождови, јавија денеска државните медиуми.
Државната служба за итни случаи соопшти дека во последните 24 часа едно лице починало во провинцијата Казвин, а друго во Илам.
Едно лице загина од гром во провинцијата Западен Азербејџан.
Метеоролошкиот оддел на Иран предупреди за сезонски дождови во многу области низ земјата и во главниот град Техеран.
Обилните врнежи, кои следеа по повеќедецениската суша, беа предизвикани од климатските промени.
Водата што се излеа по дождовите ги загрози зградите и патиштата кои беа изградени во близина на речните корита без безбедносни мерки.
Во јули 2022 година, најмалку 61 лице загина во лизгање на земјиште и во поплави низ целата земја.