Се случува првите мозолчиња да се појават за време на пубертетот, но ако сте ја поминале таа фаза и се уште ‘страдате’ од нив тогаш треба да знаете дека мозолчињата кажуваат многу за вашето здравје.
Нутриционистката Ев Калиник за Дејли Меил ги објаснила причините поради кои се појавуваат мозолчиња на одредени места и што треба да направите за да ги намалите.
Во лице
Мозолчињата околу образите може да бидат предизвикани од розацеа, што значи дека може да имате бактериска нерамнотежа во дебелото црево. Исто така, акните во оваа област можат да бидат поврзани со проблеми со дишењето, па можеби е вистинско време да престанете да пушите и да започнете со вежби за дишење.
За да ги намалите акните кои се појавуваат во оваа област, треба да внесете повеќе влакна во исхраната, како што се овошје, јаткасти плодови итн.
Вилиците
Обично овие мозолчиња се од хормонална природа, но понекогаш се поврзани и со стрес. Доколку страдате од акни во оваа област, добро би било во вашата исхрана да вклучите храна која помага во балансирање на естрогенот, како бела зелка и брокула.
Исто така, куркумата и лукот играат голема улога во балансирањето на хормоните, па обидете се да ги додадете и овие во вашата исхрана.
На челото
Акните во пределот на челото се поврзани со нерамнотежа во производството на масло. Во овој случај, треба да консумирате што е можно повеќе намирници кои содржат цинк, како што се: школки, црвено месо и семки од сончоглед. Исто така, треба да избегнувате шеќери и преработена храна, бидејќи тие влијаат на производството на маснотии.
Во традиционалната кинеска медицина, мозолчињата во оваа област се поврзани и со дигестивни проблеми, па затоа се препорачува да се консумира храна богата со растителни влакна или ферментирана храна.
Во носот
Акните кои се појавуваат во оваа област се поврзуваат со проблеми на кардиоваскуларниот систем, па затоа е важно да ги зголемите масните киселини богати со омега 3 со консумирање рибино масло и јаткасти плодови.
Лиснатите зелени, исто така, се борат против акните, бидејќи се богати со витамин К.
За најчиста и најздрава кожа, не заборавајте да ги чистите четките и алатките за шминкање кои се во директен контакт со кожата, а телефонот не е исклучок.
Намалете го нивото на стрес, спијте добро, останете хидрирани и следете урамнотежена исхрана.