Област како цела Германија! 10 работи кои можеби не ги знаете за најголемото езеро во светот

Каспиското Езеро се смета за најголемо езеро во светот, а се простира на 371.800 квадратни километри меѓу Европа и Азија…

  1. Каспиското Езеро е исклучително солено – со просечна соленост од 13 проценти – поради што некои го нарекуваат затворено море. Дури пет земји се наоѓаат на нејзините брегови : Русија, Иран, Азербејџан, Туркменистан и Казахстан.
  2. Каспиското Езеро е географска депресија, односно вдлабнатина на копното под нивото на морето кое е исполнето со вода, а се наоѓа на -26,5 метри.
  3. Најголемата измерена длабочина се наоѓа во јужниот дел на езерото и изнесува 1025 метри. Каспиското Езеро е долго 1200 km и широко помеѓу 210 и 436 km.       
  4. Северниот дел од езерото е поплиток и изложен на пониски температури. Површината на езерото може да биде целосно замрзната од декември до април.
  5. Во езерото се влеваат околу 130 реки , од кои најголема е реката Волга. Затоа, не е чудно што таму може да се најдат околу 79.000 кубни километри вода, или дури 40 отсто од волуменот на сите езера во светот.
  6. Езерото е старо околу 5,5 милиони години. Некогаш било дел од океанот Тетис , кој од палеозоик до терциер се протегал помеѓу евроазиските, африканските и индо-австралиските континентални плочи.
  7. Областа на Каспиското Езеро е едно од најбогатите наоѓалишта на нафта и природен гас во светот.   
  8. Експлоатацијата на нафта и гас, како и климатските промени доведоа до големо загадување на езерото.
  9. Околу 400 ендемични видови живеат во езерото , вклучувајќи и многу редок вид слатководна фока.
  10. Каспиското Езеро е дом на есетра белуга , чија икра се користи за правење на најскапиот кавијар во светот.