Тиктокерот Макс Клименко во ново свое видео објаснува како одредени бои на облека влијаат на тоа како другите нѐ доживуваат на прва средба, или пак, важен состанок.
„Психологијата на бојата посочува дека боите што ги носите влијаат на тоа како луѓето Ве гледаат. Кои бои да се носат, според науката?“, се вели во описот на видеото.
Бојата „бебешко сино“ е признак за наивност… Се носи за да се добиваат бесплатни работи и – поради избегнување казни. Следното наведено е розовата боја – којашто значи самодоверба и се препорачува да се носи на деловни презентации и слично.
Виолетовата означува „богатство“ и Клименко наведува дека таа треба да се носи кога треба да се остави впечаток на моќ и контрола. Зелената значи доверливост и се препорачува при работа во тимови. На самиот крај се истакнува дека црната боја е „особено сомнителна“ и дека никогаш не треба да се носи, на пр. на состанок.
Клименко има и свој јутјуб-канал, каде што во описот вели дека има универзитетски дипломи по Право, Економија и Социологија.