30-годишната Џехане Томас, мајка на два сина која беше вистинска ѕвезда на социјалната мрежа ТикТок, ненадејно почина по неколкумесечна борба со неподносливата мигрена.
Џехане од Донкастер имаше речиси 67 илјади следбеници на оваа популарна платформа. На ТикТок таа најмногу објавуваше видеа од нејзиното секојдневие, како подготовка на ручек за нејзините синови или одење на шопинг, пишува Daily Mail.
Нејзиното семејство е скршено, како и голем број луѓе кои ја следеле. Нејзината смрт ги шокирала бидејќи не знаеле дека состојбата на Џехане е толку лоша. Неодамна таа објави видеа на кои се жали на воспаление на оптичкиот нерв, кој пренесува информации од окото во мозокот, што и предизвикувало страшни болки.
Поради ова, таа во последните недели често беше во болници, а во последното видео се снимаше себеси во болнички кревет, непосредно пред операцијата.
„Не можам да ја кренам главата без да осетам болка, а камоли да одам. Мора да ме туркаат насекаде во инвалидска количка. Оваа болка е многу страшна“, кажа таа во едно од нејзините последни видеа.
Џехане неодамна беше пуштена од болница по еднонеделно лекување од ужасни болки поради мигрената, но нејзината состојба повторно се влоши подоцна.
Покрената е кампања GoFundMe за собирање пари за помош на нејзиниот сопруг. Џехане зад себе го остави тригодишниот син Исак и едногодишниот Илија. Досега се собрани околу десет илјади фунти.
Нејзината најдобра пријателка, исто така ѕвезда на социјалните мрежи, Аликс Рест, се прости од неа во објава на социјалната мрежа Инстаграм.
„Таа беше мајка на две деца, 30-годишна жена која на 17. март ненадејно не напушти. Иако знаевме за нејзините здравствени проблеми и неподносливите болки, веста за нејзината смрт нè затекна и сите ни беа скршени срца. Нејзините деца останаа без својата мајка. Ти ветив дека ќе направам се што можам за нив и имам намера да го исполнам моето ветување. Те сакам“, напиша таа.