Најпопуларната од сите сестри Кардашијан, Ким, често е предмет на внимание на јавноста поради нејзиниот начин на живот, но овојпат фановите ширум светот беа ја нападнаа за еден од нејзините мајчински гестови.
Имено, станува збор за избор на костим за Ноќта на вештерките за нејзината ќерка Норт Вест. Како што може да се види на видеото, Норт и нејзините пријатели носеа костими на принцези од популарните цртани филмови, а наследничката на Вест ја избра Тијана од цртаниот филм „Принцезата и жабата“. Иако на почетокот не звучи како да имаат за што да се грижат, многу следбеници го вперија прстот кон корсетот (кој е дел од костимот) кој е наменет за истакнување на градите, кои ги окарактеризираа како непристоен за дете од 11 години.
Иако Норт веќе почна да ја гради својата кариера како тиктокерка, редовно објавувајќи клипови на кои го покажува својот стајлинг, фризури и шминка, многумина ја осудија Ким во коментарите, сметајќи дека како мајка не требало да и- дозволи да прави такви работи.
„Престанете да ја сексуализирате вашата ќерка, нека има детство“, гласи еден коментар.
„Има 11 години? Мислев дека има 15“, додаде друг.
„Можам само да ја замислам реакцијата на Канје“, заклучи трет.