Лидерот на Хамас, Исмаил Ханије, во порака на социјалната мрежа Телеграм објави дека палестинската екстремистичка организација е „блиску до постигнување договор за прекин на огнот“, а сега се појавија деталите.
BBC јавува дека Израел се уште не се изјаснил за ова прашање, но медиумската агенција AFP ги добила деталите од договорот, кои се:
- – Петдневно примирје кое ќе вклучи прекин на огнот во копнените борби и ограничување на израелските воздушни операции над јужниот дел на Појасот Газа.
- – Палестинските екстремистички организации би ослободиле 50 до 100 заложници, израелски цивили или припадници на други националности, но не и израелски војници.
- – За возврат, 300 Палестинци, меѓу кои и жени и деца, би биле ослободени од израелските затвори.
AFP цитираше неименувани претставници на Хамас и Исламски Џихад, кои исто така кажале за агенцијата дека двете организации се согласиле со условите на договорот .
Покрај тоа, Исат ал-Решик, претставник на Хамас, изјавил дека преговорите се фокусирани на должината на прекинот на огнот, испораката на хуманитарна помош во Појасот Газа и размената на израелски заложници за палестинските затвореници.
„Двете страни ќе ги ослободат жените и децата“, рекол Исат ал-Решик.
Тој рекол дека деталите од договорот официјално ќе ги соопшти Катар, кој беше посредник во преговорите меѓу Хамас и Израел.