Документи се објавени денеска, а во кои се обвинува поранешниот бискуп од Есен и еден од најпознатите теолози во повоена Германија, кардиналот Франц Хенгсбах, за сексуална злоупотреба на малолетничка.
„Епископот Франц-Јозеф Овербек нареди детална истрага за сериозните наводи за злоупотреба против првиот епископ на Есен, Франц Хенгсбах, во периодот од 1950-тите до 1970-тите“, објави во вторникот бискупот од Есен.
Внатрешна истрага беше покрената откако во октомври минатата година во бискупијата се јавило едно лице кое тврдело дека епископот Хенгсбах сексуално ја злоставувал кон крајот на 1960-тите.
По проверката во епископијата Падерборн, во која Хенгсбах, кој почина во 1991 година, бил активен пред да дојде во Есен, се дошло до сознание дека против него таму уште во 2011 година било пријавено сексуално злоставување малолетничка во 50-тите години на минатиот век.
Тој случај е, како што се наведува, е истата година пријавен во Конгрегацијата за доктрина на верата во Ватикан, која ги отфрлила обвиненијата како неосновани.
Според информациите од бискупијата во Падерборн, има извештаи за сексуална злоупотреба на малолетничка и против братот на бискупот Хенгсбах, Павле, кој исто така е свештеник.
Актуелниот епископ Овербек ги повика другите евентуални жртви на злоупотреба тоа да го пријават во епархијата.
Во последниве години, вработените во Германската католичка црква беа на удар на многу обвинувања за сексуална злоупотреба на малолетници. Овие скандали предизвикаа и бројни заминувања на верници од црковните општини