Објавени резултатите од лекарските прегледи на Трамп: Еве што вели лекарскиот извештај! (ФОТО)

Американскиот претседател Доналд Трамп е во одлична здравствена состојба!

Ова денеска го соопштија од Белата куќа, откако Трамп во петокот беше подложен на редовен систематски медицински преглед.

– Претседателот Трамп покажува одлично когнитивно и физичко здравје и е целосно способен да ги извршува своите должности како лидер на земјата – се вели во заклучокот на лекарот од Белата куќа, Шон Барбела, кој се наведува во соопштението.

Според Ројтерс, ова е најдеталниот извештај за здравјето на Трамп откако тој по вторпат се пресели во Белата куќа.

Трамп тогаш имаше 78 години, што го прави најстариот претседател во историјата на САД.

Тој претходно изјави дека лекарскиот преглед поминал добро, наведувајќи дека точно одговорил на сите прашања за време на когнитивниот тест. Тој изјави дека прегледот покажал дека има „добро срце и добра душа, многу добра душа“.

Претходните здравствени проблеми на Трамп беа главно ограничени на висок холестерол, розацеа и зголемена телесна тежина, пренесува Политика пишува Танјуг.