Украинскиот пратеник Олексиј Гончаренко ги сподели првите страници од текстот на договорот за минерали меѓу Киев и Вашингтон.
Се чини дека има повеќе, но четирите одделни страници се совпаѓаат со она што Јулија Свириденко претходно го опиша.
Се известува дека двете страни потврдиле дека создаваат инвестициски фонд за истражување на минерали и одредуваат како ќе се делат приходите, пишува skynews .
Инаку, американската администрација во соопштението наведува дека договорот „испраќа порака до Русија“ дека администрацијата на претседателот Доналд Трамп е „посветена на мировен процес што има за цел слободна, суверена и просперитетна Украина“.
Познато е дека договорот доаѓа малку повеќе од два месеци по средбата меѓу Трамп и Володимир Зеленски во Белата куќа, која се претвори во јавен вербален судир и предизвика стравувања дека САД би можеле да ја повлечат поддршката за Украина.
Како дел од договорот, САД ќе му обезбедат на Киев дополнителна помош, што би можело да вклучува, на пример, системи за воздушна одбрана.
Ова е клучна одредба што не беше вклучена во претходните предлози за договорот.