Фудбалската репрезентација на Нов Зеланд се квалификуваше за Светското првенство во 2026 година откако ја совлада Нова Каледонија со 3-0 во квалификациското финале во зоната Океанија во Окленд.
Не му беше лесно на Нов Зеланд кој се мачеше да поведе во 61. минута преку Мајкл Боксал, а само шест минути подоцна Коста Барбарусес го удвои водството. По вториот гол, Нова Каледонија целосно пропадна, а конечниот резултат беше поставен во 80. минута преку Илајџа Јуст.
New Zealand have booked their ticket to #WeAre26! 🇳🇿👏 #FIFAWorldCup | @NZ_Football
— FIFA World Cup (@FIFAWorldCup) March 24, 2025
Така Нов Зеланд по трет пат во историјата обезбеди пласман на Мундијалите, откако претходно се појави во 1982 година во Шпанија и 2010 година во Јужна Африка.
Од друга страна, селекцијата на Нова Каледонија ќе се натпреварува во интерконтиненталниот плеј-оф за пласман на Светското првенство кое во 2026 година ќе се одржи во САД, Мексико и Канада.
Нов Зеланд е петтиот учесник на Светското првенство следната година, по Јапонија и трите домаќини (САД, Мексико и Канада).