Објавен портретот на Трамп што му го испрати Путин! „Некои луѓе дојдоа кај мене, го сликав бесплатно“

Во март оваа година, рускиот претседател Владимир Путин му испрати на американскиот претседател Доналд Трамп необичен подарок – мистериозен портрет кој очигледно имал намера да остави силен политички впечаток.Портретот му беше претставен на Трамп од неговиот пратеник Стив Виткоф, кој во интервју со водителот на подкаст Такер Карлсон, го опиша делото како „убав портрет“ насликан од „водечки руски уметник“.

Трамп, додаде Виткоф, бил „видливо возбуден“ од подарокот.

Иако во тоа време не беше објавен во јавноста, авторот на портретот сега даде ексклузивен увид за CNN. Ова е Никас Сафронов, еден од најпознатите руски сликари, кој потврди дека токму тој го насликал портретот нарачан од Кремљ.

На сликата се гледа како Трамп ја крева тупаницата на сцената по неуспешниот обид за атентат во Батлер, Пенсилванија, во јули 2024 година. На неговото лице се гледа крв, а авторот вели дека со овие мотиви сакал да ја истакне силата и решителноста на поранешниот претседател.

„Ми беше важно да ја покажам крвта, лузната и неговата храброст за време на обидот за атентат. Тој не се скрши ниту се исплаши, туку ја крена раката за да покаже дека е едно со Америка и дека ќе и го врати она што го заслужува“, изјави Сафронов за Си-Ен-Ен во Москва.

Сафронов претходно фотографираше многу светски лидери, меѓу кои и покојниот папа Франциско, индискиот премиер Нарендра Моди и севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун.

За портретот на Трамп, вели Сафронов, „некои луѓе“ дошле кај него и го замолиле да го наслика Трамп онака како што тој го гледа. Иако првично не му беше јасно кои се овие посетители, тој се сомневаше дека Кремљ стои зад нарачката. „Сфатив дека ова дело може да ги зближи нашите земји, па решив да го сликам бесплатно.

Потоа, тврди Сафронов, самиот претседател Путин го контактирал и му рекол дека портретот му бил претставен на Трамп како „важен чекор за подобрување на односите меѓу Русија и САД“.

Кремљ не ги коментираше овие тврдења.

Портретот што, според Сафронов, му бил даден на Трамп, сега наводно виси во Големото фоаје на Белата куќа, откако оттаму бил отстранет официјалниот портрет на поранешниот претседател Барак Обама. Драматичната слика на Трамп со крената десна рака и крв на лицето стана еден од симболите на неговата претседателска кампања.