ОБЈАВЕН ТОЧЕН ДАТУМ КОГА МОЌЕН АСТЕРОИД МОЖЕ ДА ЈА УДРИ ЗЕМЈАТА – Научниците потврдија дека ударот ќе биде силен како 22 атомски бомби

Доколку експертите на НАСА го пресметале правилно, 24. септември 2182 година е точниот датум кога Земјата ќе биде во опасност да биде погодена од масивен астероид по име Бену.

За среќа, шансите за ваква трагедија да ги снајде нашите внуци и правнуци сè уште се речиси занемарливи, приближно 1 на 2.700, според најновите пресметки пронајдени на веб-страницата на американската администрација за цивилна аеронаутика и вселена.

Да потсетиме дека астероидот Бену е со големина на „Емпајер Стејт Билдинг“ во Њујорк, а последиците од неговиот удар можат да се споредат со експлозиите на дури 22 атомски бомби. Бену, нагласуваме, обично поминува покрај Земјата на секои шест години и всушност е половина од големината на астероидот за кој се верува дека ги убил диносаурусите.

Со други зборови, тој не е доволно голем за да предизвика истребување на целиот живот на оваа планета, но неговиот удар би предизвикал уништување на илјада километри од местото на ударот.

ВселенаЗемјаНАСА