Милена Васиќ со години важи за една од најзгодните актерки на балканскатата јавна сцена, а сега ги изненади своите следбеници, но и целата јавност со нејзината последна објава на социјалната мрежа Инстаграм, која ги натера сите да се посомневаат дека таа – стана калуѓерка!
Имено, Милена објави фотографија на која позира со продорен изглед во униформа на калуѓерка пред манастир, а своите фанови ги збуни со пораката што ја испрати.
– Отец Јустин Поповиќ постојано велеше дека човекот е чардак – ниту на небото ниту на земјата. Така е… Директниот христијански одговор на прашањето зошто човек му прави зло на друг може да изгледа едноставен и незадоволителен, но гласи: „Човек го прави тоа поради гревот, а гревот е тесно поврзан со вроденото античко својство на секој човек – вина.
Препознајте го својот грев прво кога ќе му наштетите на друг – напишала убавата актерка.
Сепак, како што се испостави на крајот, Милена само добро се маскирала за потребите на нејзината улога во филм.