Оваа бобинка е најдобра за здравјето на срцето

Бобинки се богати со хранливи материи кои се корисни за кардиоваскуларното здравје.

Кардиологот д-р Сатџит Бусри истакнува дека бобинките се богати со антиоксиданси како антоцијанин, елагична киселина и ресвератрол, кои помагаат да се намали оксидативниот стрес и воспалението, потенцијално намалувајќи го ризикот од срцеви заболувања.

Антиоксидансите во бобинките можат да помогнат во намалувањето на воспалението со неутрализирање на штетните слободни радикали и заштита на клетките од оштетување. Токму воспалението и слободните радикали го зголемуваат ризикот од срцеви заболувања.

Кога станува збор за дневната количина на конзумирање на бобинки, кардиолозите се согласиле дека не треба да претерувате, но препорачуваат да се консумира најмалку три пати неделно.

Иако сите видови бобинки се многу здрави, кардиолозите ги издвоија капините како најдобра опција, бидејќи тие имаат најголема содржина на влакна и антиоксиданси.

Како втор најдобар избор ги издвои боровинките кои на многумина им се омилени бобинки. Боровинките се одличен избор поради високите нивоа на антиоксиданси и потенцијалот за подобрување на здравјето на срцето со намалување на крвниот притисок и нивото на холестерол.