Бразилката Џуџу Ферари е разочарана од резултатот што го добила откако тврдеше дека го има најголемиот задник на светот.
Колку пластичната хирургија ги надмина сите можни граници и ризици, велат девојките кои се натпреваруваат да имаат најголеми атрибути. Сите се сеќаваме на Наташа Краун, плус сајз моделот со српско потекло, која даде речиси 15 милиони српски динари за своите операции. Нејзината цел беше да го има најголемиот задник на светот, а сега во тоа и се придружи и бразилката Џуџу Ферари.
Оваа 35-годишна девојка потрошил неверојатна сума пари на козметички зафати. Само за задникот платила 47.000 евра, а на хирурзите им рекла дека сака да го има најголемиот задник. Сепак, резултатот не и се допаднал. Вели дека сега има опуштено дно што и го отежнува секојдневното одење и функционирање.
„Кога ги примив инјекциите, имав болки. Задникот ми беше тежок, бев уморна и не можев да одам потоа. Потоа кожата почна да ми пука. Тогаш лицето што ми ги даде инјекциите ми кажа дека нема какви било последици, па се чувствувам како да сум измамена. Силиконот на крајот ми го опушти задникот“, кажала разочараната Џуџу и додаде:
„Сакав да го имам најголемиот задник на светот, но добив ништо. Тоа воопшто не ми се допаѓа“, изјавила Бразилката кој досега потрошил околу 92.000 евра на пластични операции. Првата операција ја направила на 20 години, но ни сега не планира да престане.