Многу диети се засноваат на рестриктивни принципи, што обично води до прејадување, а тоа не носи резлутат.
Јапонската утринска диета со банана е креација на Сумико и Хитоши Ватанабе, кои имаат фармацевтско и медицинско потекло. Сосема случајно дошле до диетата, а откако ја објавиле станала многу популарна во светот. Сите тврдат дека оваа диета се разликува од сите други!
Еден од креаторите на диетата, Хитоши Ватанабе, со нејзина помош за само неколку месеци намалила неверојатни 18 килограми.
Основното правило за оваа диета е да се појадува банани со чаша вода на собна температура. Се препорачуваат до четири банани и до две чаши млака вода наутро, а другите оброци во текот на денот треба да бидат здрави, лесни и редовни. Она што ја издвојува оваа диета од другите е тоа што не постојат посебни правила за тоа што и колку да се јаде.
Диетата со банана бара единствениот пијалок што го консумирате да биде млака вода, а се препорачува да го практикувате ова до 12 дена. Последниот оброк треба да биде четири часа пред спиење, треба да спиете најмалку осум часа, а да си легнете најдоцна до полноќ.
Десертите треба да се избегнуваат доколку сакате да видите резултати, а исто така не се препорачуваат алкохолни пијалоци, сокови и кафе. Ако навистина ви треба нешто слатко, после 15 часот можете да изедете чоколадо или некое овошје.