Кога жената е во менструален циклус, ништо не е подобро од тоа да се опушти, дремне и барем за момент да заборави на непријатните болки. Меѓутоа, кога ноќе се наоѓаме во кревет, се соочуваме со дилема, дали да спиеме со тампон или сепак да носиме влошка?
Докторката и експерт за женско здравје Сузана Ансворт за ,,Метро” откри што мисли професијата за спиење со тампон.
,,Безбедносниот совет за тампоните е дека тие можат да се користат најмногу осум часа. Доколку се користат повеќе од осум часа, се зголемува ризикот од синдром на токсичен шок, сериозен, но редок заразен процес кој предизвикува септикемија. Aко поминувате помалку од осум часа во текот на ноќта во кревет, можете да ги користите“, објаснува докторот, кој не е ентузијастичен за оваа практика, пренесува Index.hr.
Како здравствен работник, таа не би ги советувала жените да спијат со тампон. Таа ги советува и сите нејзини пациенти секогаш внимателно да бираат тампони.
Жените треба да користат само тампони кои имаат најдобра можна апсорпција“, рече докторот.