Синовите на Златан Ибрахимовиќ се најголемата гордост на славниот фудбалер.
Дали наскоро ќе се збогува со дресот на Милан или од професионалниот спорт?
Златан Ибрахимовиќ , кој во октомври ќе наполни 42 години, ги исполни сите услови за пензија и заработи доволно за да не се грижи за иднината.
Шведскиот фудбалски ас со балканско потекло настапува за познатиот италијански клуб, не му недостасува енергија, а тука се и неговите најверни фанови – партнерката Хелена Сегер и синовите Максимилијан и Винсент.
Шеснаесетгодишниот Максимилијан ги „влече“ гените на својот татко, а во едно видео покажа дека може да стане сериозен напаѓач . Ги облече копачките, многу стручно „маневрираше“ со топката и постигна гол во стилот на Ибра.
Од мајка си ја наследил русата коса, како и неговиот помлад брат Винсент. Момците не ги пропуштаат натпреварите на Милан, особено кога се играат на домашен терен. Понекогаш по натпреварот брзаат да го гушнат тато во црвено-црниот дрес.
. А дали ќе тргнат по неговите стапки или ќе се посветат на некоја друга сфера од животот ќе дознаеме во блиска иднина.