Оваа жена редовно има проблеми на граница поради фотографијата од пасошот. Можете ли да погодите зошто?

Џона Пророк (28) од Англија веќе некое време ги збунува граничните службеници бидејќи не го ажурирала пасошот и покрај значителната физичка трансформација.

Во текот на изминатите десет години, Џона направила пластична операција, како и други козметички процедури, за да го постигне изгледот за кој отсекогаш сонувала. Но, козметичарката не размислувала за тоа дека ќе и треба нова фотографија од пасош. 

Таа тврди дека персоналот ја испрашува секогаш кога лета бидејќи не може да поверува дека е истата личност од пасошот. Ова предизвикува огромни гужви кога минува низ аеродромското обезбедување, особено во странска земја. Џоан објасни дека сепак била принудена предвреме да го обнови пасошот.

Оваа мајка на две деца на својот TikTok сподели нови фотографии од себе, како и оние стари речиси една деценија, на кои изгледа непрепознатливо.

@joanneprophet

That time i got interegated by 6 members of passport control 😅😅😅

♬ original sound – Joanne Prophet

„Не е ни чудо што постојано ме спречуваат кога поминувам низ пасошка контрола. Тоа е легално за мене“, вели таа во видеото.

„Бев испрашувана од шест мажи“

Џоан тврди дека го оперирала носот, две операции на градите и операција на забите во Турција. Таа ставила и филери во брадата и усните и долга екстензија на коса, како и вештачки трепки.

Џоан еднаш раскажа за своето непријатно искуство во Турција. „Ме влечеа во соба околу еден час и ме испрашуваа шест мажи. Значи, очигледно беше голема работа. Потоа, кога се вратив во Манчестер, продолжија да ја гледаат сликата и рекоа дека мора да го средам ова како што треба“, рече таа. И кажале дека воопшто не личи на себе.