Оваа земја има посебен календар: Нејзините граѓани ја дочекуваат Новата 2017 година во септември

Етиопија, втората најнаселена земја во Африка, гордо ги зачувува своите традиции и силно чувство за национален идентитет.

Една од нејзините уникатни карактеристики е главниот календар Ge’ez. Зошто е тоа посебно? Затоа што на 11 септември се збогува со 2016 година и ја дочекува Новата 2017 година.

Да, добро прочитавте! Според календарот, Етиопјаните сè уште „живеат“ во 2016 година, додека на остатокот од светот „прилично се брза“.

Знаеме дека Грегоријанскиот календар е најкористен (прогласен од папата Григориј XIII во 1582 година), додека се верува дека во светот „циркулираат“ 40 различни календари .

Еден од нив е етиопскиот, кој го пресметува раѓањето на Исус Христос помалку од осум години подоцна од грегоријанскиот, пренесува Унилад.

Етиопскиот календар е стар најмалку 1.500 години и има многу сличности со коптскиот календар.

Се состои од 12 месеци, со по 30 дена, но вклучува и необичен 13-ти месец – пагума. Интересно е тоа што обично трае пет или шест дена секоја престапна година.

Конечно, некои (државни) институции и меѓународни компании имаат тенденција да го следат Грегоријанскиот календар, што значи дека во Етиопија времето се брои на два начина истовремено.