Пари Сен Жермен (ПСЖ) во последниот натпревар забележа неочекуван пораз (0:2) од Рен. Горчината станува уште поголема бидејќи Марсеј успешно ја заврши задачата (2:1) и на гостувањето кај Ремс го совлада противникот. Навивачите не се задоволни од ситуацијата на ПСЖ, а револтот го покажаа со свирежи кога се спомна името на Лионел Меси пред натпреварот.
Колку парижаните се мачат на големите натпревари најдобро говори информацијата дека загубиле дури четири од седум натпревари на кои за противник им била една од ТОП 5 екипите на францускиот шампионат и тоа Марсеј, Ленс, Монако и Рен.
Ова е втор пораз на ПСЖ по ред, а претходно тоа им успеа на Монако и Ленс. Сигурно е загрижувачки што тим полн со ѕвезди постојано се сопнува во „посилните“ игри. По новиот пораз, играчите им се извинуваат на навивачите.
„Не личевме на себе. Многу сме тажни, не можевме ни да замислиме вакво нешто. Навивачите не го заслужуваат тоа, сакам да им се извинам. Нема да се предадеме, ќе размислуваме што треба да се подобри по репрезентативната пауза“, изјави фудбалерот Витиња.
Тренерот на парижани, Кристоф Галтиер, очекувано, не беше задоволен од исходот на средбата. А по натпреварот беше запрашан дали се плаши за својата иднина на клупата на ПСЖ.
„Дојдов тука две години, луѓето веќе шпекулираат за мојата иднина. Мојата единствена опсесија е да бидам шампион, оваа игра може да предизвика негативно размислување за мојот престој овде, но мора да ги ставиме работите во контекст. Затоа, не мислам дека еден пораз треба да стави се во прашање“, изнави тренерот на ПСЖ по натпреварот.