Оваа италијанска убавица има 26 години и се уште го бакнува Дикаприо

Се чини дека холивудскиот заводник го прекрши своето љубовно правило!

Леонардо Дикаприо (49) и неговиот најдобар пријател, исто така актерот Тоби Мегваер, неодамна беа фотографирани во Италија, каде уживаат во топлите денови и летните активности.

Покрај Мегваер, славниот оскаровец беше придружуван и од неговата 26-годишна девојка – италијанската манекенка Виторија Керети.

А токму таа стана тема на јавноста. Поради неа Ди Каприо го прекрши „неговото правило“ (не излегува со девојки кои наполниле 25 години), бидејќи италијанската убавица веќе има 26 години.

Што се случи, дали холивудскиот заводник реши да се „смири“? Нам ни останува да го следиме натамошниот развој на нивната љубовна приказна.