Оваа куќа ја нарекуваат ,,Пекол на земјата” – Сега е откриена нејзината морничава тајна! Сето тоа е снимено на видео на кое никој не е имун (фото/видео)

„Kуќата на ужасите“, како што ја нарекуваат њујорчаните, во која по вина на нивните сопственици настрадаа повеќе од десетина кучињаx сега е целосно напуштена и претставува закана за секој што ќе помине. Во ужасните услови во оваа куќа, сопственост на дерматологот  д-р Мајкл Гладштајн и неговата сопруга Мерилин, според некои податоци, повеќе од 100 кучиња и шетачи на кучиња биле малтретирани и изгладнети.

Како што пренесува британски Мирор, животните биле откриени откако бил активиран алармот поради количината на амонијак во куќата од кучешка урина.

Двајцата беа уапсени во 2010 година, откако спасувачките служби интервенираа и открија дека ужасната состојба е толку лоша што им требаа заштитни одела.

На TikTok се појави снимка од напуштена куќа која буквално се урива, а детските соби изгледаат недопрени со кукли, а едно време британскиот истражувач Бен Џејмс ја посети куќата и направи фотографии на кои се гледаат собите замрзнати во времето.

Потоа рече дека куќата е напуштена и дека изгледа морничаво, како во хорор филм.

Според некои податоци, Емили, ќерката на оваа брачна двојка, била затвореничка во сопствената куќа. Нејзините родители ја облекувале како кукла и ја држеле секој ден во куќата. Откако биле уапсени и излегле од куќата, тие го изгубиле старателството над оваа девојка. За жал, таа беше пронајдена мртва во 2022 година. Иако внатре во куќата може да се види како собите биле стилски уредени, куќата крие страшно минато, поради што луѓето во локалната област ја нарекуваат „пекол на земјата“.

Видеото собра преку половина милион лајкови на интернет, а луѓето ја коментираа тажната судбина на ова мало девојче.

Што се случи со Емили..

– Не можам да го замислам ужасот што го доживеа девојката.

– Дали е ова точно? Нема многу информации. И нејзиниот датум на раѓање е секаде различен.

– Сликите и работите изгледаат толку свежо.

– Луѓето ќе веруваат во сè.- беа дел од коментарите.

Во дискусијата на „Тикток“ некои луѓе се огласија и тврдеа дека таа одела на факултет со нив, а некои биле покрај неа во болница и во нејзините најтешки моменти.

Еден од нејзините наводни пријатели открил дека е екстремно болна, додека еден тиктокер рекол дека таквата содржина треба да се отстрани од мрежата, бидејќи е премногу болна за оние кои ја познаваат.

Еден TикTокер објасни како Емили била одземена од социјалните служби кога имала 13 години, а нејзините родители во меѓувреме биле уапсени поради злоупотреба на животни и дека таа починала минатата година кога имала 25 години.