Дали некогаш сте се запрашале како е да се води љубов секој ден, 365 дена !? И додека некои луѓе уживаат во кревет само неколку пати месечно, Британи Гибонс, авторка и мајка на три деца, одлучила да ужива во интимните односи со својот сопруг секој ден.
Опишувајќи го своето искуство, таа открила како се одлучила на такво нешто пред неколку години. Како што тврди таа, сепак секојдневно ги чувствува позитивните страни од водењето љубов. Имено, по третото раѓање, телото на жената се менува. На Британи Гибонс и требало време да се навикне на своето „ново“ тело и често не сакала да се погледне во огледало и ги гасела светлата за време на сексуалниот однос, па дури и чекала нејзиниот сопруг да излезе од собата за да може да се пресоблече. Едноставно се срамела од своето тело!
„Поминаа години, а не сакајќи да го покажам своето голо тело почна да ме загрижува фактот. Се прашував дали мојот сопруг се сеќава како изгледам гола. Потоа ми текна дека водиме љубов секоја вечер и така 365 дена дојдов до тоа идеја по разговор со пријателка која секоја вечер го правела истото“, вака ја започнала својата приказна оваа мајка.
Како што минувале месеците, оваа жена станувала поопуштена и посреќна. Како што вели, интимната врска станала нешто повеќе од тоа.
„Станавме поромантични, повеќе разменувавме нежности и секое утро страсно се бакнувавме пред да одиме на работа. Нашата врска стануваше посилна и подобра“, објаснила таа.
После една година водење љубов секој ден, оваа мајка повторно се прифатила себеси и своите маани. Исто така, таа открила дека и по три години секоја вечер води љубов со сопругот. Според неа, интимните врски се една од клучните работи за среќен брак!