Оваа „навика“ е еднакво штетна како да пушите 15 цигари дневно

Осаменоста го зголемува ризикот од прерана смрт за 26 отсто, според студијата на Универзитетот Бригам Јанг објавена во списанието Perspectives on Psychological Science.

Социјалната изолација и недостатокот на социјални врски дополнително го зголемуваат овој ризик, поради што експертите веруваат дека осаменоста може да биде подеднакво лоша за здравјето на луѓето како дебелината или пушењето.

Истражувачите направија разлика помеѓу луѓето кои се чувствуваат осамено и оние кои навистина немаат контакт со надворешниот свет. Студијата покажа дека ризичните групи вклучуваат оние кои се сами, но се чувствуваат среќни, како и поединци кои имаат многу социјални контакти, но се чувствуваат осамено.

Ако им кажеме на луѓето повеќе да се дружат со другите, тоа може да го реши проблемот на социјална изолација, но не и чувството на осаменост. Затоа треба да прифатиме дека двете категории се подеднакво важни, тврди водителката на студијата Џулијан Холт-Лунстад.

Експертите тврдат дека развојот на технологијата влијае на тоа што се поголем број луѓе во светот живеат во социјална изолација и дека имаат сè помалку врски лице в лице. Од друга страна, истражувањата покажаа дека создавањето пријателски и романтични врски го намалува стресот, го подобрува имунитетот и му дава поголема смисла на животот.

Клучот е да одржувате значајни и блиски односи со драги луѓе и да имате богат социјален живот, советува др. Холт-Лунштад.