Модните трендови инспирирани од деведесеттите продолжуваат да ги освојуваат улиците, а „грдите“ патики со спортски изглед повторно се во центарот на вниманието. Иако сезоната на чизми е во полн ек, модниците често избираат патики за секојдневна облека додека временските услови дозволуваат.
Откако на модната сцена доминираа ретро моделите како адидас самба и газела , гломазните тренерки со неправилни силуети, често опишани како „грди“, се враќаат.
Овој тренд го потврди и Хејли Бибер, модна икона и голема инспирација за помладите генерации.
Манекенката и претприемачка, позната по својата смела модна изјава, прошета во модел на патики на брендот Asics, кој го буди духот на деведесеттите. Хејли ги спои со изглед кој потсетува на препознатливиот стил на принцезата Дијана – со бели чорапи, моторџиски шорцеви и преголема кожна јакна-бомбер.
Во гардеробата на популарните ѕвезди свое место најдоа патиките кои ги обожаваат Французинките, особено Парижанките. Освен што се удобни, овие патики се сестрано парче кое лесно може да се комбинира со различни стилови, од лежерни фармерки до кожени панталони и елегантни фустани.