Ако земате големи количини на витамин Д, можна е хиперкалцемија!
Научните студии покажаа дека витаминот Д може да го намали ризикот од појава и развој на карциноми, па еве што може да се случи ако земате прекумерни количини таблети со витамин Д.
Кога сме изложени на сончева светлина, во организмот се создава витамин Д, па затоа во текот на зимата повеќето луѓе страдаат од недостаток на овој витамин и го дополнуваат преку таблети.
Витаминот Д позитивно влијае на здравјето на забите, коските и мускулите, но според прелиминарните истражувања се покажало дека спречува појава и развој на малигни заболувања.
Но, доколку земете поголема доза на витамин Д од дозволената, може да се разболите од хиперкалцемија, поточно од вишок калциум во организмот, пренесува Телеграфи.
Зголеменото ниво на калциум во телото може да ги оштети коските, бубрезите, да предизвика срцеви заболувања, воспаление на панкреасот, па дури и да предизвика кома.
Експертите предупредуваат дека возрасните не треба да земаат повеќе од пропишаната доза на витамин Д, имено дека земањето повеќе од 100 микрограми може да биде опасно, освен ако лекарот не препишал терапија.