Ќе се смеете колку е лесно и едноставно
Често се случува рибата да се залепи за тавата додека се пржи. Откривме трик кој многу едноставно го елиминира тој проблем, па сега можете да готвите дома и да не се грижите, бидејќи секогаш ќе испадне совршено.
Се што треба да направите е да ја загреете тавата на умерена температура, па дури потоа да прелиете со малку масло.
После тоа малку посолете и внимавајте солта да е насекаде низ тавата (не ви треба многу сол, туку убаво распоредете ја).
Дури тогаш можете да ја додадете рибата, но не мора да ја посолите. Овој трик ќе ви помогне да не се залепи рибата, но и да не се прска додека се пржи.