Младата холивудска актерка Рејчел Зеглер беше една од главните ѕвезди на премиерата на филмот „Shazam: Wrath of the Gods“, каде се појави во издание достојно за вистинска холивудска дива.
21-годишната ѕвезда од хитот на Стивен Спилберг „West Side Story“ изгледаше сензационално во светкава сина креација украсена со штрас и проѕирни детали додека позираше покрај својот дечко Џош Ривера.
Убавицата со колумбиско-полско потекло со својот изглед ги освојува сите каде и да се појави, а светот слушна за неа пред пет години кога на социјалната мрежа Твитер ја објави нејзината препеана верзија на песната „Shallow“ од Лејди Гага и Бредли Купер, која ја пееја во филмот „The Star Is a Born“.
Видеото стана вирално, па така стигна до познатиот режисер Стивен Спилберг, на чија аудиција се појави, без тој да има поим за неа, а се друго е само историја.
Три години подоцна го доби Златниот глобус во категоријата најдобра актерка.
Моментално на социјалната мрежа Инстаграм ја следат 873 илјади луѓе со кои споделува моменти од приватниот и професионалниот живот и добива илјадници комплименти за нејзиниот по малку егзотичен изглед.