Оваа ужина може да помогне во намалувањето на крвниот притисок

Високиот крвен притисок е еден од најчестите здравствени проблеми во светот и е поврзан со сериозни ризици за срцето и крвните садови. Иако е чест, сепак е многу опасен – само во 2023 година, тој беше примарна или поврзана причина за повеќе од 600.000 смртни случаи. Експертите нагласуваат дека исхраната, вежбањето и лековите играат клучна улога во неговата контрола, а она што го јадеме, вклучително и ужините, може значително да влијае на притисокот.

Кардиологот д-р Тарикшах Сајед објаснува дека постојат едноставни и здрави алтернативи на солените грицки што често ги консумираме, а кои можат да имаат позитивен ефект врз крвниот притисок. Наместо чипс, переци или солени пуканки, тој препорачува несолени ф’стаци бидејќи содржат хранливи материи кои помагаат во регулирањето на крвниот притисок и го штитат срцето.

„Ф’стаците се богати со калиум, антиоксиданси и растителни стероли, кои помагаат во намалувањето на LDL холестеролот и го поддржуваат здрав крвен притисок“, вели д-р Сајед за Parade.

Тој додава дека ф’стаците содржат и влакна кои го врзуваат холестеролот во дигестивниот систем, што дополнително го штити здравјето на срцето, додека здравите масти во нив го зголемуваат HDL, или „добриот“ холестерол.

За да се постигнат ефектите, д-р Саид препорачува околу 30 до 55 грама дневно. Според истражувањата, редовната консумација на ф’стаци може да донесе мерливи подобрувања на крвниот притисок по само четири недели. Тој советува да се изберат несолени или лесно солени ф’стаци, а идеално е да се комбинираат со овошје богато со растителни влакна и антиоксиданси.