Покрај тоа што е убава, Ивона е и згодна, што не е чудно бидејќи редовно тренира, а нејзините креации се инспирација за многумина, судејќи по коментарите.
Пејачот Дадо Полумента по два брака си најде мирно засолниште покрај сопругата Ивона со која ги добија двете ќерки Алеа и Алија. Музичарот е многу посветен на семејството кое често го истакнува на социјалните мрежи, а тие моментално уживаат во летниот одмор.
Инаку, Ивона еднаш откри како Дадо ја освоил.
Искрено, со својата добрина. Првпат се видовме во Нови Сад. Се сретнавме претходно, случајно во кафуле каде што ме замоли да снимаме спот со него. Таму се погледнавме и знаев дека тој ќе биде љубовта на мојот живот – изјави Ивона.
Во неговите очи видов добрина, и дека тоа е тоа што го барам. Тој е добар сопруг, татко, најдобар пејач. Секој ден е сè подобар – дода сопругата на Дадo Полументa.
Ивона реши да проговори и за лошите страни на Дадо, па истакна дека единствената мана на Полумента е што навистина се лути кога е гладен.
Но, има многу повеќе доблести. Во секого го гледа доброто, а за жал тоа секогаш завршува лошо по него“ – заклучи таа.