Оваа фотографија го збуни светот: Која зграда мислите дека е поблиску до камерата?

Брилијантната оптичка илузија предизвикува возбуда на интернет со години, а луѓето не можат да се договорат за (вистинското) решение.

Сè што треба да направат е да погодат која зграда е поблиску до камерата. Звучи едноставно, нели?

Отпрвин ќе ве привлече посветлата зграда од десната страна, но погледнете внимателно… можеби потемната е поблиску.

Не се обидуваме да ве збуниме, туку ви пренесуваме како се чувствуваат повеќето луѓе кога се обидуваат да ја решат енигмата.

„Ова е најдобрата илузија што сум ја видел! Отпрвин мислев дека зградата лево е поблиску, а потоа сфатив дека е десно. Или, сепак левата…“, напиша еден корисник на Редит .

Ќе оставиме на вас да ја анализирате фотографијата, а потоа ќе ви дадеме објаснување.

Може? Така, кога ќе зумирате на сликата на вашиот телефон или компјутер, ќе препознаете каде се преклопуваат зградите.

Облакодерот од левата страна малку се преклопува со оној од десната, што значи дека е ПОБЛИКУ до камерата.

Дали погодивте? Пишете ни во коментари.