Гладни пред спиење? Еве еден предлог што можете да јадете во доцните часови!
Од самата помисла „дали е мудро да се јаде пред спиење “ го ставаме тој килограм што само ние го гледаме, затоа што вообичаено е мислењето дека луѓето кои јадат пред спиење ризикуваат да се здебелат. Денес, пак, се почесто се слуша спротивното мислење.
Ако сте гладни токму кога ќе одлучите да спиете, иако сте на диета, не треба да легнувате на празен стомак. Со добар избор на храна, можете да јадете нешто без грижа на совест, а сепак да останете витки.
Боровинки
Ова овошје е полно со витамини и антиоксиданси, а содржи и влакна.
Грчки јогурт
Има малку масти, многу протеини и ве одржува сити. Затоа грчкиот јогурт е одличен избор за вечерна ужина.
Темно чоколадо
Изберете ги оние со најголем процент на какао, бидејќи тие ќе имаат попозитивно влијание на вашето здравје.
Бело месо
Две мали парчиња бело месо ќе бидат вашата идеална вечера. Тие се исто така висококвалитетни протеини со мала содржина на масти.
Моркови
Овој хранлив зеленчук ќе ви помогне лесно да заспиете додека внесувате многу малку калории.
Банани
Бананите се совршено овошје кое може да се јаде непосредно пред спиење.
Сирење
Една порција сирење ќе направи да се чувствувате сити, а има само 80 калории.
Суви смокви
Неколку парчиња суви смокви ќе ви го измамат гладот, па не мора да легнувате на празен стомак.