НЕКОГАШ, капините важеа за сезонско уживање, но денес можеме да ги најдеме во продавниците преку целата година. Покрај тоа што се вкусна закуска, тие имаат многу придобивки за нашето здравје благодарение на многуте хранливи материи што ги содржат, известуваат од Клиниката Кливленд. Како што објаснуваат диететичарите, капините се богати со витамини, минерали, влакна и антиоксиданси.
Овие хранливи материи се неопходни за одржување на добро здравје, а сегашните истражувања покажуваат дека антиоксидансите во капините можат да го намалат воспалението и да спречат многу болести, вклучувајќи го и ракот. Капините се исто така нискокалорични, а само една шака капини содржи само 43 калории.
Експертите наведуваат дека оваа храна треба да ја консумираме што почесто пред се поради нејзините здравствени придобивки. Имено, како што велат, придобивките што ги носи редовното консумирање капини го вклучуваат следново:
- намалување на воспалението во телото
- забрзување на метаболизмот
- промовирање на губење на тежината
- прочистување на крвта
- ублажување на варење
- намалување на ризикот од болести на срцето и циркулаторниот систем.
Освен што ги јадете како здрава ужина, капините се одлични и како додаток на јогурт за појадок или овошна салата за вечера.