Масакрот што го изврши момчето-убиец минатиот мај продолжува да предизвикува тага, болка и неверување во јавноста. Сите се прашуваат како тринаесетгодишно момче стана брутален масовен убиец и каков мотив имал за да изврши такво злосторство.
Она што можеби беше пресвртница во животот на момчето-монструм и во донесувањето на неговата одлука да го изврши масакрот во основното училиште „Владислав Рибникар“, се случи на крајот од шестото одделение, кога неговите другари не го поканија на роденден. Тој тоа го прифати исклучително тешко, како што потврди неговата мајка.
И тој роденден беше во мај, една година пред незаборавниот масакр.
Неговата емотивна незрелост се споменува на повеќе места во судските списи.
– Тогаш кулминираше прекумерната амбиција на неговите родители и потребата неговите пријатели да го сметаат за херој. Тоа беше прво отфрлен на околината, како што тој ја сфати. На тој роденден беа сите што му беа важни, освен тој. Од тој момент тој почнува да се менува – објасни претходно за Српски Телеграф извор од истрагата.
Поранешнен другар од неговото одделение и професор по српски јазик, изјавија дека бил одличен ученик, одел на натпревари и бил културен, но се однесувал супериорно во однос на другите.
– Сепак, тој се однесуваше супериорно од сите. Кога разговараше со наставничката позираше како да е над сите, а како ние бевме на дното – опишала поранешната одделенска наставничка.
Таа објасни дека кон крајот на шесто одделение мајката на момчето побарала да биде префрлен во друга смена бидејќи некои деца не го поканиле на таа прослава.
Додава и дека имал проблем со изразување на емоциите. На пример, кога децата добивале задача да рецитираат исклучително емотивна песна, тој не успеал да се растажи.
– Мојот впечаток е дека во нова средина сакаше да се натпреварува и да докаже дека мора да биде најдобар или нема друго – изјавила поранешната учителка на момчето убиец.
Истрагата утврдила дека момчето-монструм го подготвувал делото месец и половина пред 3 мај, но гневот во него почнал да крчка околу една година порано. Тогаш за првпат имаше и оружје во раце.