На Роџер Федерер му е здодевно во пензија, па најави враќање на теренот со што ќе ги израдува своите фанови.
Роџер Федерер се збогуваше со тенисот во 2022 година , но копнееше по теренот, па најави дека може да се врати, иако ќе игра егзибиции.
Федерер во изјава за француски „Л’Екип “ откри дека му недостига тенисот и дека размислува за враќање на тренинзите, но и за организирање егзибициски мечеви низ светот, му недостасува тенисот, а исто така и навивачите.
– Би сакал повторно да почнам со тренинзи, два до три пати неделно. Се надевам дека наскоро ќе организирам изложби, повторно ќе ги наполниме стадионите ширум светот. Сè уште ништо не е планирано, но ми недостига, би сакал повторно да играм – призна Роџер Федерер.
Федерер целосно се повлече од теренот, уживаше во патувањата, дружењето со семејството, пријателите …
– Речиси не играв од пензионирањето, телото и умот требаше да се одморат. Си поиграв малку со децата, но би сакал повторно да се зафатам посериозно.
Роџер има 43 години, но би сакал повторно да земе рекет, уморен е од голф.
– Доста ми е од голф, доволно играв. Сеуште немам никакви планови, но би сакал повторно да играм – јасен е Федерер.
Лејвер купот е егзибиција, но е дел од официјалниот календар и Федерер најверојатно не доаѓа предвид. Годинава на кормилото на двете екипи ќе дебитираат нови селектори.
– Андре Агаси на клупата на Светскиот тим ќе го замени Џон Мекинро, додека Јаник Ноа за првпат ќе ја предводи европската селекција наместо Бјорн Борг. Еве зошто Лејвер купот е единствен во светот на тенисот – објасни Федерер.