По нападот, на социјалните мрежи кружат неверојатни фотографии од ракета забодена на улица.
Русите во саботата го нападнаа Краматорск во источна Украина. Како што јавија украинските медиуми, погодени се и уништени и градските гробишта. Во нападот нема повредени.
По нападот, на социјалните мрежи кружат неверојатни фотографии од ракета забодена на улица.
Фотографиите ги објави и Илја Пономаренко, украински новинар кој известува од Украина уште од првиот ден на руската агресија, испраќајќи видеа, пишува извештаи и носи вести од првата линија на фронтот.
На една фотографија жена во црвен фустан стои на метар од бомбата и прави селфи!
– Русија едноставно ви се лути што имате толку убаво асфалтирани улици – е еден од коментарите.
Други пишуваат дека во ракетата нема експлозив.
– Ова не е експлозивниот дел од ракетата, таа го носеше проектилот и ова е телото на ракетата која потоа паѓа без да експлодира – пишува еден од корисниците.