Комична слика пристигна од Словенија, пред натпреварот меѓу Олимпија и Лил во Љубљана.
Имено, теренот на стадионот „Стожице“ беше целосно натопен поради обилните врнежи, па организаторите мораа да посегнат по алтернативни решенија.
Сепак, никој не очекуваше дека тоа ќе го направат на овој начин.
Не само што звучи неверојатно што го направиле тоа, туку и како им текнало: го сушеле теренот со крпи.
Донесоа голем број крпи на теренот, а потоа ги натопуваа и ги стискаа покрај стадионот повторувајќи го тоа одново и одново.
Јасно е дека оваа неверојатна идеја не им помогна, а двата тима мораа да играат во вистинско кал.