„Постојат сите шанси да сведочи и да ја заврши одбраната со молчење, само тоа можам да кажам засега“, вели адвокатот Богдановиќ.
Агонијата околу телото на малата Данка Илиќ, која исчезна под мистериозни околности пред два месеци на 26 март од семејната фарма во Бањско Поле, каде што тоа попладне престојуваше со својата мајка и брат, изгледа наскоро ќе има епилог.
Осомничени за убиството Дејан Д. од Злот и Срѓан Ј. од село Лука, кои оттогаш се во притвор по признанието на Дејан дека го сторил тоа кривично дело, се бранеле со молчење. Сепак, Срѓан Ј пред два месеци најави дека ќе даде исказ пред обвинителот за локацијата на телото на Данка Илиќ, кое се уште не е пронајдено, но засега немаше ништо од тоа.
Но одлуката на Вишото јавно обвинителство во Заечар да им го продолжи притворот за уште 30 дена, според неофицијални информации, очигкедно обвинетите ги натерало да размислат што понатаму со можност едниот од нив конечно да проговори за локацијата на телото на девојчето, потврди неговиот адвокат Живадин Богдановиќ.
„Тоа што го слушнавте е вистина. Постојат сите шанси да даде исказ и да ја заврши одбраната со молчење, само тоа можам да кажам засега, морам да одам во судница, многу кусо изјави адвокатот Богдановиќ.
Дали Срѓан Ј ќе остане таков и ќе остане на својата одлука да проговори за злосторството, за конечно да се дојде до вистината која се бара цели два месеци, ќе се дознае во наредните денови.