Сансеверијата е растение кое треба да се чува во домот во текот на летото бидејќи ја намалува температурата во просторијата.
Ова растение има способност да го прочистува воздухот и да ја апсорбира топлината, а тоа особено се однесува на просториите каде што нема клима.
На Сансеверијата не и’ треба многу светлина или вода, што ја прави идеално растение за затворен простор.
Една од нејзините предности е тоа што има способност да фотосинтезира дури и ноќе. Тоа значи дека во текот на ноќта ослободува кислород и апсорбира јаглерод диоксид, што придонесува за подобрување на квалитетот на воздухот.
Што се однесува до ладењето, специфичноста на ова растение е што се поти за време на топлите денови и испушта влага во воздухот. Поради ова, има природен ефект на ладење, па не би било лошо да имате неколку саксии Сансеверија.
Постои уште една важна карактеристика на ова растение, а тоа е тоа што има способност да ги апсорбира токсините кои се наоѓаат во воздухот. Докажано е дека ова растение апсорбира одредени хемиски соединенија ослободени од средствата за чистење.