Албанецот Роан Брахим (32) беше убиен во четвртокот вечерта во Атина додека се наоѓал во автомобил со својата невенчана сопруга Катарина.
За среќа Катарина (37) го избегнала ужасот, но по убиството наводно била облеана во крв и накратко изгубила свест. Роан беше убиен додека со Катарина го чекаше нивниот седумгодишен син, кој си играше во блискиот парк. Наводно, малото момче го видело својот татко облеан во крв и врескало.
Медиумите пишуваат дека Катарина не му била единствената партнерка и дека Брахим имал сопруга и две деца во Албанија.
Брахим пред две години ја напуштил Албанија каде што го барала полицијата и се сокрил од евентуалната одмазда на неговите ривали. Тој наводно се криел во Дубаи.
Меѓутоа, ривалите го нашле во четвртокот вечерта во Атина каде што отишол да го прослави Велигден со своето семејство. Две лица на мотор му пришле и го застрелале на лице место.
Истражните траги досега беа насочени кон одмазда, бидејќи 32-годишниот, познат и како Сидорел Пренди, има големо криминално досие во Албанија.
Вооружените конфликти датираат од 2014 година, кога беа убиени неговите двајца братучеди Клодијан Ндреца и Таулант Пренди, а Аурел Пренди беше ранет.
Медиумите јавуваат дека во 2014 година во напад бил убиен еден од неговите чичковци, а другиот тешко ранет. Четири години подоцна, Брахими бил уапсен во Лежа, а полицијата потоа пронашла муниција, девизи и накит кои најверојатно биле украдени.
Пред четири години мета беше кафеаната на неговиот татко. Во декември 2020 година непознати лица го ограбија пабот и само од чиста среќа никој не беше повреден. Следната година по Брахим беше распишана потерница за напад во кафеана. Тогаш Брахим и уште двајца другари втрчале во кафеаната вооружени со калашникови и го барале сопственикот.
Исто така, се верува дека Брахими бил вклучен во две ликвидации на територијата на Албанија, кои се случиле летото 2022 година. Тогаш бил убиен братучедот на Ервис Мартинај, кој исто така го бара полицијата и чиј непријател е Брахими.