Балканската ѕвезда Здравко Чолиќ има сопруга Александра и ќерките Уна и Лара, а помалку е познато дека има и брат Драган.
Братот на Чолиќ – Драган не се занимава со јавни работи, туку живее во Белград и таму ја води својата ќебапчилница.
Пред неколку години го купи оригиналниот рецепт за познатите сараевски ќебапи, а рецептот му го продаде познатиот локален ќебапџија Хоџиќ.
По смртта на нивната мајка, Здравко и неговиот брат Драган уште повеќе се врзаа, а она што е забележливо е дека многу личат еден на друг.
– Нашите родители направија се јас и Драган да тргнеме на вистинскиот пат. Татко ми ми го купи првиот грамофон, првата гитара и се од една плата, бидејќи мајка ми беше домаќинка – изјави своевремено Чолиќ.
Иако не сака да се покажува во јавноста, Драган и Здравко се многу блиски и секогаш кога Чолиќ е во Белград, се труди максимално да го поминува времето со својот брат, но и со другите членови на семејството.