Ова е брачниот пар кои прегрнати беа пронајдени мртви под урнатините: „Дојде денот кога смртта дојде по вас, но и таа не ве раздели“ (ФОТО)

Јасмин (38) и Ирмела Чилиќ (32) трагично ги загубија животите во страшните поплави во Босна и Херцеговина.

Овој пар беше олицетворение на љубовта и посветеноста, според сите што ги познаваа. Тие никогаш не се разделувале, а биле пронајдени заедно под урнатините на семејната куќа. И тогаш тие биле прегрнати.

Фејсбук 

„Мој род, крв моја, Аллах со љубов ве спои додека смртта не ве раздели. Бевте полни со љубов“ , напиша еден од нивните пријатели на Фејсбук.

Веднаш по веста за трагичниот исход, мештаните се собраа да го поддржат семејството Чилиќ и да организираат помош за сите преживеани.

– Не можеме да замислиме низ што поминаа во последните моменти, но знаеме дека беа заедно. Ова е нашата единствена утеха – изјавил еден од нивните најблиски пријатели.