Бранко П.(37) вечерва пукал во брачна двојка во кафуле во Ариље за време на новогодишната прослава. Предраг Н.(40) починал на лице место, додека неговата сопруга Ивана Н.(37) била тешко ранета, но на повредите им подлегнала во болница .
Како што пишува српскиот портал „Курир“, Бранко П.(37) влегол во кафуле во Ариље, каде имало забава и по расправија со Предраг, пукал во брачна двојка. Предраг починал на лице место, додека Ивана била пренесена во болница со повеќекратни рани од куршуми.
Убиецот потоа се оддалечил од местото на настанот, но набрзо бил уапсен!
Неофицијално, Ивана и Предраг се сопственици на кафуле кај Ариље и дека Бранко П. имал деловни контакти со нив – како што дознава српски „Курир“, до расправијата, според првичните информации, дошло за долгови.
Притвор до 48 часа доби Бранко П., по што ќе биде сослушан пред виш обвинител. Тој е осомничен за кривично дело тешко убиство.