Неодамна аргентинскиот фудбалер Лионел Меси и официјално стана нов фудбалер на Интер Мајами, што предизвика вистински шок во Америка.
Пет недели по објавувањето на неговата преселба во Интер, договорот на Меси стана валиден во саботата.
Клубот од Мајами претходно објави дека договорот ќе биде на две и пол години и дека Меси ќе добива меѓу 50 и 60 милиони долари годишно.
Навивачите за прв пат ќе можат да го гледаат Меси ноќта меѓу петок и сабота, по наше време, кога ќе се сретнат Интер Мајами и Круз во Лига купот на Северна-Централна Америка.
Влезниците за дебито на Меси се пуштени во продажба од вчера, а просечната цена е 450 евра, додека најскапите билети достигнаа неверојатни 100.000 евра.