Принцот Вилијам и Кејт Мидлтон, кои се во брак од 2011 година, денес се симбол на стабилност и љубов во британското кралско семејство. Иако нивниот брак сега е силен, нивниот пат до олтарот беше сè само не едноставен. Тие се запознале во 2001 година на колеџ во Шкотска, каде нивното пријателство набрзо прераснало во романтична врска. Сепак, нивниот пат до брак не беше без пречки. За време на нивната осумгодишна врска, Вилијам раскина со Кејт, а причината за раскинувањето беше неговата некомпатибилност со животот на високо социјално ниво.
Принцот Вилијам беше на пресвртница. Покрај тоа што животот под медиумски микроскоп му бил заморен, тој се пожалил и дека положбата во семејството го спречува да ужива во младоста. На Кејт Мидлтон, која во тоа време се соочуваше со зголемен интерес на јавноста, и пречеше неговата блискост со други познати девојки.
Раскинувањето траеше речиси десет недели, а за тоа време многу други девојки беа заинтересирани за принцот Вилијам, сонувајќи да станат дел од британското кралско семејство.
Меѓутоа, принцот сфатил дека му недостига Кејт, но и нејзиното семејство кое има стабилна основа, за разлика од неговиот бурен живот. По враќањето, тие се помириле и нивната врска била посилна од било кога.
По речиси десет години врска, Вилијам конечно реши да ја запроси Кејт. Запросувањето било интимно и романтично, за време на нивното патување во Кенија, кога престојувале во колиба покрај езерото Рутунду. Тоа беше моментот кога Вилијам одлучи дека Кејт е неговата иднина, пренесува Express.
Во интервјуата со поранешните членови на кралското семејство, кралскиот автор Том Квин дознал дека постои длабока емотивна врска помеѓу принцот Вилијам и Кејт, што се чини дека произлегува од стабилното семејно потекло на Кејт. Квин откри дека на Вилијам му било многу важно неговата идна сопруга да потекнува од семејство со стабилни темели, со оглед на сите несогласувања и афери кои го одбележале животот на неговото семејство.
– Имаше удобно, стабилно воспитување. Некој кој работеше за нив ми рече: „Мора да запомниш дека Вилијам ја сакаше Кејт бидејќи таа има силна, топла семејна позадина што тој ја немаше“, откри Квин.
Односот на Кејт со нејзиното семејство беше од клучно значење за Вилијам, бидејќи таа претставуваше се што тој сакаше за неговата иднина. Тој беше убеден дека тоа е она што е потребно за нивната иднина да биде успешна и нивното семејство стабилно и исполнето со љубов.